Медведев: Банкрот на Русија е банкрот на Европа, oчекувајте хиперинфлација, недостиг на храна, прилив на бегалци

238

Банкротот на Русија може да предизвика хиперинфлација и банкрот на Европа, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во врска со тврдењето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен дека „Рускиот банкрот е само прашање на време.

Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа, морален и материјален – напиша Медведев на својот канал Телеграм, додавајќи дека финансискиот систем на ЕУ не е толку стабилен и дека граѓаните ја губат довербата, пренесува ТАСС.

Згора на тоа, Медведев смета дека властите на ЕУ треба да очекуваат „голема благодарност од Европејците за хиперинфлацијата за која не може да се обвинува Русија, за недостигот на основни прехранбени производи во продавниците и приливот на бегалци што ќе предизвика бран на насилен криминал“.