Медведев: Доларот и еврото се еднакви, штедете во рубљи

65

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев зборуваше за тоа дека вчера, за првпат по 20 години, вредностите на доларот и еврото се изедначија.

По тој повод Медведев рече дека полека се остваруваат предвидувањата за избувнување на системска криза во еврозоната. Сега тие ги жнеат горчливите плодови на падот на производството, суперкритичната инфлација на храната, губењето на конкурентноста на нивните стоки и чекањето зима во ледените станови без нашиот гас“, рече Медведев.
Во глобална смисла, смета тој, ова е потврда за крајната непромисленост на санкциите кон Русија и рече дека санкциите се штетни за самата европеизација бидејќи еврото слабее.

„Се разбира, европската валута, која поевтинува во однос на американската, стана одличен маркер на оној кој плаќа за крвавата криза. Познато е дека војната е продолжување на политиката со други средства. При започнувањето на економскиот масакр, потребно беше да се пресметаат сопствените монетарни и економски проблеми, а не само да се воведат лоши ограничувања“, смета поранешниот претседател на Русија.

Медведев понуди и своевидно решение за актуелната ситуација.

„Најдобрата заштита од гнило евро ќе биде преминот кон нови начини на плаќање во трговијата со нашите доверливи партнери, вклучувајќи ја и употребата на националните валути како руската рубља, кинескиот јуан, индиската рупија и слично. Во иднина, можно е да се создаде и нова резервна валута на земјите од БРИКС. Современиот свет очигледно нема доволно долари, евра и фунти. Засега еден долар е еднаков на едно евро. Заштедете во рубљи“, заклучи Дмитриј Медведев.