Медведев најави правна битка за заплената на руски имот

85

Москва ќе се бори против обидите за запленување на руски имот во странство пред судовите ширум светот, изјави поранешниот претседател Дмитриј Медведев во објава на социјалната мрежа Телеграм во средата.

„Противниците на Русија треба да разберат дека ќе се соочат со голем број случаи во судовите. И во националните судови на САД и Европа и во меѓународните судови“, рече Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година, а сега е заменик секретар на Советот за безбедност на Русија.

Координираните меѓународни санкции замрзнаа околу 60 отсто од средствата од рускиот „воен сеф“, објави на 5 април министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Лиз Трас.

Говорејќи на прес-конференција во Варшава, Трас истакна дека режимот на рускиот претседател Владимир Путин нема на располагање повеќе од 350 милијарди долари од вкупните 604 милијарди девизни резерви на Русија.

Руската инвазија на Украина започна на 24 февруари, а САД, Велика Британија и Европската унија воведоа санкции против Кремљ со цел да се запре војната што доведе до цивилни жртви и егзодус на бегалци.

Меѓу санкциите е и запленувањето на државниот имот и руските олигарси.