Меган Маркл инвестира во хит производ во прехранбената индустрија

125

Меган Маркл одлучи да инвестира во компанија што произведува инстант млеко од овес. Станува збор за компанијата Clevr Blends, која продава четири вкусови на овесно млеко во прав, и наплатува 14 кесички за 28 долари. Компанијата тврди дека нејзините производи се одржливи и здрави. Директорката на овој стартап, Хана Мендоза, ја формираше компанијата во 2019 година со Роџер Копола.

“Ова е инвестиција во страсна жена претприемач на која приоритет и е заедницата, а не само на развој на бизнис“, рече Маркл и додаде дека е горда на инвестицијата и создавањето на производ што таа лично го сака.

Компанијата користи само органски и состојки коишто не содржат ГМО, а сите материјали што се користат за пакување се рециклираат и сите можат да се рециклираат 100%. Приоритет на компанијата е да работи со мали производители.

Меган Маркл не откри колку пари инвестирала во овој бренд.

Овесното млеко е голем хит во прехранбената индустрија, па ова е “трендовска“ инвестиција. Во јули, Опра Винфри и Натали Портман инвестираа во слични компании.

Фото: Facebook