Megaverse – футрола за смартфон што се лепи за секоја површина

16

ddMegaverse е футрола за мобилен што и прокоси на гравитацијата и се лепи за секоја површина без проблем. Без разлика дали станува збор за прозорец, огледало, училишна табла, метал, кујнски елементи… корисниците ќе можат да го користат својот паметен телефон насекаде без да мораат да го држат во раце.

Изумот е дело на Mega Tiny Corporation и тимот досега има собрано 27.260 долари на платформата за глобално финансирање Indiegogo од побараните 20.000 долари.

Новите менливи подлоги наречени MegaBack овозможуваат да го залепите вашиот мобилен на кожен паричник, некршливо огледало или отворач за шишиња за само неколку секунди. Футролата ја има во неколку бои, златна, розово златна, сива и црна.

Она што ја држи безбедно за секаква површина е специјалниот материјал којшто содржи милиони малечки “кратери” коишто прават вакуум каде и да се постават. Футролата се чисти само со вода и е отпорна на било каква температура.

jj

op