Меѓународна агенција за енергија: Побарувачката за нафта, гас и јаглен ќе достигне врв пред 2030 година

Побарувачката за нафта, гас и јаглен ќе достигне максимум пред 2030 година, поткопувајќи ги аргументите на оние кои бараат поголеми инвестиции во фосилни горива, се вели во извештајот на World Energy Outlook објавен денеска, чиј автор е Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Агенцијата посочува дека инвестициите во фосилни горива и понатаму ќе бидат неопходни, но смета дека ерата на раст на побарувачката е завршена, пишува порталот oilprice.com.

Во извештајот се забележува дека инвестициите во „чиста енергија“ се зголемени за 40 проценти од 2020 година и дека се појавува „нова економија на чиста енергија, предводена од соларни фотоволтаици и електрични возила“.

Фото: Pexels