Меѓународна манифестација за дегустација на тутун во Охрид

20

Повеќе од 30 големи производители на цигари, како и индивидуални производители на сиров тутун ќе се претстават на Меѓународната манифестација за дегустација на тутун што од денеска до шести јуни се одржува во Охрид.

На собирот организиран од Меѓународната асоцијација за дегустација на тутун најавено е претставување на сиров тутун и производи од тутун од компании од Србија, Хрватска, БиХ, Грција, Бугарија, Италија, Германија, Косово и Турција.

Целта на манифестацијата во Охрид е на уникатен начин да ги обедини тутунопроизводителите од регионот, оттаму што станува збор за единствена минфестација од тој вид што се организира во светски рамки.

Презентацијата во Охрид ќе биде медиумски поддржана од спацијализираниот магазин The Tobacco Journal International, со тоа што сите компании и тутунопроизводители што ќе се претстават во Охрид ќе бидат соодветно застапени во нивното специјализирано издание за големиот Саем за тутун и тутунски производи, што во септември се одржува во Дортмунд.

На саемот во Германија ќе бидат доделени и наградите за најквалитетните производи. Манифестацијата во Охрид е од отворен карактер, како за тутунопроизводителите, така и за посетители.