Меѓународната агенција за енергетика: Светот нема да остане без нафта

79

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска објави дека светот нема да остане без нафта, и покрај помалото производство од Русија погодена од санкции, која, според Ројтерс, ја промени својата мартовска прогноза за 180 степени кога предвиде можен „глобален шок во снабдувањето “.

По предупредувањето на 16 март дека светската понуда на нафта може да биде „пократка“ за 3,0 милиони барели дневно руска нафта од април, ИЕА ја намали таа бројка по втор пат, сега на само 1,0 милиони барели дневно.