Меѓународната агенција за енергетика ја намали проценката за растот на побарувачката на нафта во 2025 година на 950.000 барели дневно

66

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) денеска ја задржа проценката за раст на побарувачката на нафта за 2024 година на 970.000 барели на ден и ја намали проценката за раст на побарувачката во 2025 година за 30.000 барели на ден во својот августовски извештај, што укажува на послаба потрошувачка во Кина.

„Нашата перспектива за глобалната побарувачка на нафта е главно непроменета во однос на минатомесечниот извештај, со проектиран раст од нешто помалку од милион барели дневно во 2024 и 2025 година“, се вели во извештајот.

Побарувачката на нафта во Кина падна трет месец по ред во јуни, поттикната од падот на индустриските инпути, додека развиените економии забележаа зголемување на побарувачката, особено за бензин во САД.