Меѓународната организација на трудот (МОТ) предупредува на нови последици од зголемената инфлација, војната во Украина и се построгата монетарна политика. Глобалниот раст на вработеноста се очекува нагло да забави до еден процент оваа година, во споредба со два проценти во 2022 година, поради економските последици предизвикани од горенаведените три фактори.
Во исто време, се очекува дека бројот на невработени во светот ќе се зголеми за три милиони, на 208 милиони во 2023 година, се наведува во извештајот на МОТ за светските трендови.
Од друга страна, стапката на невработеност во САД изнесува 3,5%, што е најниска во изминатите 53 години.
И покрај сето ова, инфлацијата останува главна причина за загриженост на Федералните резерви, институција која ги зголеми каматните стапки седум пати во 2022 година. Идејата зад забавувањето на инфлацијата беше да се забави растот на работните места и да се зголемат трошоците за позајмување пари за бизнисите и поединците – и се чини дека стратегијата функционира, иако бавно.