Во близина на Тузла, веќе пет години фирмата Bosit Industry изработува чевли за реномираниот светски бренд Прада, пишува klix.ba.
“Најпрво го изработувавме само горниот дел од обувките, а веќе две години изработуваме комплетни модели”, вели директорот на компанијата, Миралем Бајрактаревиќ.
Во оваа компанија се вработени 100 работници, а директорот Бајрактаревиќ најави дека во иднина соработката со италијанскиот партнер би можела да се прошири, затоа што се повлекуваат од азискиот пазар.
Работниците располагаат со оптимална количина на суровина, а она што нема да се потроши, уредно се враќа.
“Кога ќе го добиеме репроматеријалот, отстапувањето е 1%”, вели Бајрактаревиќ.
Платите на работниците во оваа фабрика се околу 240 евра, додека чевлите што ги произведуваат се продаваат по цена од 300 до 1.500 евра.