Мекензи Безос донира половина од своето богатство

66

Поранешната жена на Џеф Безос, Мекензи Безос, ќе даде половина од своето богатство во добротворни цели. Основачот на Amazon се разведе пред неколку месеци, а Мекензи сега има 4% удел во компанијата или 37 милијарди долари, пишува BBC.

Со овој чекор таа ќе им се придружи на уште неколку милијардери, како инвеститорот Ворен Бафет и основачот Microsoft Бил Гејтс, кои ја започнаа кампањата за донации Giving Pledge.

Бафет и Гејтс преку кампањата ги повикуваат останатите богати луѓе да донираат поголем дел од своите пари.

Досега на Giving Pledge листата се имаат приклучено 204 индивидуалци, двојки и фамилии од 23 земји. Џеф Безос не е еден од нив.

Фото: Facebook