Мекензи Скот, поранешната сопруга на најбогатиот човек на планетата и основач на Amazon, Џеф Безос, досега дала 1,7 милијарди долари во хуманитарни цели, пишува ВВС.
“Ја почитувам обврската што ја преземав следната година дека ќе подарам поголем дел од своето богатство“, најави Мекензи на Twitter, додавајќи дека сега го носи името на нејзиниот дедо.
Најголем дел од донациите се за колеџи во кои учат Афроамериканци, групи за климатски промени и здравствени организации.
Таа е втора најбогата жена на планетата, со богатство од над 62 милијарди долари, според Forbes. По една година од разводот, Мекензи и официјално го тргна презимето на нејзиниот поранешен сопруг. Таа најави дека се приклучува кон кампањата што ја започнаа Ворен Бафет и Бил Гејтс, којашто подразбира оставање на дел од богатството за хуманитарни цели.
Фото: Twitter