Мекензи Скот ја симна од тронот сопственичката на L’Oreal

189

Писателката и филантроп Мекензи Скот е најбогатата жена на светот. По разводот со сега најбогатиот човек во светот Џеф Безос, таа доби четири отсто од акциите во Amazon.

Со нето вредност од 66,4 милијарди долари, романописецот Мекензи Скот во понеделникот стана најбогатата жена на светот, според индексот на милијардерите  Bloomberg. Мекензи Скот за првпат ја престигна наследничката на L’Oreal, Франсис Мејер.

Минатата година, еден месец по разводот со Безос, таа го потпиша Giving Pledge – кампања основана од Бил Гејтс и Ворен Бафет и вети дека ќе донира барем половина од нејзиното лично богатство во филантропски цели за време на нејзиниот живот.

Најбогатиот Американец, Џеф Безос пред само неколку дена официјално стана првиот човек чие богатство стигна 200 милијарди долари.

Според здружението Американци за фер данок, за време на корона-кризата, богатството на поистакнатите милијардери во САД пораснало за 25%, односно за вкупно 800 милијарди долари.

Според извештаите, имотот на Илон Маск, сопственик на Tesla и SpaceX, е трипати “потежок“ во однос на март.

Минатиот месец, невработеноста во САД падна на 10,2%, но сѐ уште, на неделно ниво, милион Американци поднесуваат барање за бенефиции за невработени.

Фото: Facebook