Меки вештини што најмногу се бараат кај вработените

94

Што е потребно за да го заслужите работното место и да се искачите на повисока позиција во компанијата?

Одговорот во продолжение.

Доверливост

Нема ништо подобро од вработен кој доаѓа на време и си ги завршува работните задачи како што треба во определениот рок. Работодавачот ја цени оваа особина кога може во секое време да се “потпре“ на работникот.

Презентациски вештини

Без разлика на која позиција сте потребни ви се презентациски вештини. Во еден момент сигурно ќе се случи да ви придадне одговорноста да одржите презентација пред клиенти, вработени, соработници и слично.

Критичко размислување

Особено со брзото темпо на живот и работа, критичкото размислување и брзо решавање на проблеми се од кучно значење во една компанија. Потребни се работници кои без разлика на околностите ќе умеат да ги стават работите во ред.

Способност за коучинг

Многу е важно за работодавачот да има вработени кои ќе им помагаат на останатите во тимот и ќе ги подучуваат за одредени задачи. Знаењето што го имате треба да умеете да го пренесете на другите.

Транспарентност и отвореност кон критика

Секоја добра идеја треба да биде споделена со тимот. Токму такви луѓе кои се самоуверени и отворени кон критика, поттикнуваат дискусии за време на состаноци и да придонесат за зголемување на продуктивноста.

Флексибилност

Вработени кои брзо можат да се адаптираат на новонастаната ситуација се од големо значење во една компанија. Се случува додека се работи на една задача да се добие друга што итно мора да биде завршена, а оние кое брзо и ефикасно ќе ја направат таа “транзиција“ ќе бидат луѓето кои секој работодавач би сакал да ги има во тимот.

Фото: Pixabay