
Мексиканската државна нафтена компанија Пемекс моментално е во преговори со потенцијални купувачи во Азија – вклучително и Кина – и Европа, барајќи алтернативни пазари за своите суровини откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на стоки од Мексико, пишува Ројтерс, цитирајќи извори од мексиканската влада.
Трамп оваа недела воведе царини од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада кои влегуваат во САД. Иако беше воведена намалена стапка од 10 отсто за канадската нафта, тоа не беше случај за мексиканската нафта.
Минатата година извозот на сурова нафта на Pemex изнесуваше 806.000 барели дневно, од кои 57 отсто отидоа на американскиот пазар. Сепак, во јануари извозот во САД се намали за 44 отсто во споредба со истиот месец претходната година, на нешто повеќе од 532.000 барели дневно – најниско ниво во последните децении.











