Мексико ја обвинува Zara

39

Мексико го обвини модниот бренд Zara за незаконско присвојување на неговата култура, наведувајќи дека во креациите користат примероци од автохтони мексикански групи без никаква корист за тие заедници.

Мексиканското Министерство за култура соопшти дека испратило писмо, што е потпишано од мексиканската министерка за култура, Алехандра Фауста, до глобалните компании меѓу кои и Zara, барајќи од нив “јавно објаснување на основа на што може да се приватизира колективен имот“, пренесува Ројтерс.

“Дизајнот за којшто станува збор не е намерно позајмен од уметничко дело на мексиканскиот народ Михтек, ниту е создаден под нивно влијание“, велат од Inditex, сопственикот на Zara, во изјава за Ројтерс.

Фото: Facebook