Мексико Сити гради аеродром вреден околу 10 милијарди долари

29

nov aerodrom meksiko siti

Мексико подготвува проект за изградба на нов аеродром, вреден 9,23 милијарди долари, кој би требало да биде оперативен до 2018 година, јавува Ројтерс.

Новиот аеродром треба во целост да го замени постоечкиот аеродром Бенито Хуарез. Во јули ќе биде позната архитектонската куќа што ќе го води проектот, а како фаворити се наведуваат британските архитекти од студиото Норман Фостер кои соработуваат со Фернандо Ромеро, зет на мулимилијардерот Карлос Слим. Фостер е архитектот кој стои и зад проектот Кампус 2, новото седиште на Apple, а негово дело е и најновата продавница на Apple во Истанбул.

Постоечкиот аеродром е втор по големина во Латинска Америка по оној во Сао Паоло. Бенито Хуарез за 50 пати го надмина својот иницијален максимален капацитет.

“Оваа ситуација подразбира загуба на конкурентноста од странските аеродроми, но присутен е и безбедносниот ризик“, вели претседателот на Мексико, Енрике Пена Нието.

До 2018 година, новиот аеродром ќе располага со четири писти и со капацитет од 30 милиони патници. Кога ќе биде целосно завршен, во далечната 2060 година, ќе има шест писти и капацитет од 60 милиони патници.