Мелбурн ќе добие еко-облакодер којшто штеди електрична енергија

20

01aerialsunrisecroppedZaha Hadid Architects и Plus Architecture заеднички ја дизајнираа својата прва кула во Мелбурн, пишува Architectureau.

Облакодерот со различни намени има 54 ката, составен е од серија на “елегантно наредени вазни”, а дизајниран е да користи 50% помалку енергија од обичните градби од ваков тип.

Специјалната фасада придонесува за намалување на штетните сончеви зраци и емисии од воздухот, а еко зградата има специјален систем со стакла, централна климатизација со висока ефикасност, како и високо ефикасен систем за осветлување.

Освен тоа, градбата ќе вклучува и комерцијален простор, како и лесно достапни простории за сите со цел истата да добие и јавен карактер.