Меморандум за хармонизација на фреквенции меѓу Македонија и Косово

44

timthumbАгенцијата за електронски комуникации на Република Македонија АЕК и Регулаторното тело за електронски и поштенски комуникации на Република Косово потпишаа спогодба за прекугранична хармонизација на фреквенции.

Со оваа спогодба ќе се избегнат проблемите со присутноста на сигнали на ГСМ-УМТС 900 и 1800 фреквенциски подрачја од операторите на мобилна телефонија од косовска територија на територијата на Република Македонија и обратно.

Како што соопштуваат од АЕК, спогодбата била потпишана вчера од директорот Роберт Орданоски.

Целта на оваа хармонизација е да се утврдат принципите, техничките одредби и административната постапка потребни за регулирање на заедничко распоредување на ГСМ/УМТС мрежите и опсезите во граничните подрачја  која беше иницирана од  досегашната прекугранична интерференција на фреквенциите на операторите од двете страни, се вели во соопштението.

Спогодбата е претходно презентирана пред операторите кои се согласиле за преземање активности во насока на почитување на принципите за планирање на фреквенциите и нивна координација утврдено според препораките на Меѓународната унија за телекомункации.

Координацијата на фреквенциите на граничните подрачја е неопходна за да се обезбеди ефикасно користење на спектарот и еднаков пристап до спектарот во граничните подрачја.