Сојузот на стопански комори (ССК) и Дирекцијата за заштита на лични податоци, денеска ќе потпишат меморандум за соработка. Целта за потпишување на овој меморандум е тоа што во изминатиов период ССК и Дирекцијата за заштита на лични податоци организираа обуки за компаниите-членки, на кои беа презентирани придобивките од правилната примена на Законот за заштита за лични податоци.
Меморандумот ќе го потпишат извршниот директор на ССК, Митко Алексов и директорот на Дирекцијата, Димитар Ѓеорѓиевски.
Почетна Новости Македонија Меморандум за соработка меѓу ССК и Дирекцијата за заштита на лични податоци