Меморандум за заштита на Преспанското езеро

48

prespaМеморандум за разбирање за поширока заедничка иницијатива во Преспанскиот регион ќе потпишат денеска ЈП Македонски шуми и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

За проектот за заштита на Преспанското Езеро е обезбеден буџет од околу еден милион долари за заштита од негативните ефекти на ерозијата. Во текот на наредните неколку години е планирано да се спроведат серија антиерозивни мерки преку подобрување на шумската покривка и регулирање на главните поројни водотеци во сливот на Преспанското Езеро. Како подготовка на овие мерки, во наредните месеци ќе се работи на подигнување нов расадник во Преспа, во близина на селото Асамати, кој ќе обезбеди автохтон саден материјал за идните пошумувања во Преспа.

Проектот кој ќе се спроведува во текот на наредните шест години има за цел да придонесе за значително подобрување на еколошкиот статус на Преспанското Езеро.

Проектот го спроведува УНДП. Финансиската поддршка за овој проект во вредност од пет милиони франци е обезбедена преку Швајцарската агенција за развој и соработка.