Менаџер работел само три месеци, а за тоа добивал по 150.000 долари дневно

118

На 24 јануари 2022 година, Џеф Морел го направи своето прво појавување на својата нова работа како шеф на корпоративни работи во Дизни.

Причината за неговото доведување во Дизни е очигледна. Пред неговиот краток мандат во Дизни, тој работеше во персоналот за односи со јавноста за Бритиш Петролеум (БП) 11 години, од кои последните 17 месеци беше извршен потпретседател за односи со јавноста. Тојѝ помогна на компанијата  да ја надмине  познатата катастрофа на Deepwater Horizon, најголемото излевање на нафта во море во историјата на нафтената индустрија и најголемата еколошка катастрофа во историјата на САД.

Всушност, тој дојде во Дизни во незгодно време за компанијата која имаше голема ПР криза, Морел очигледно не се снајде најдобро во тоа, па не поминаа ни три месеци и компанијата го објави неговото заминување. Технички, неговиот последен ден во Дизни беше 30 јуни.

Како што пресметале американските медиуми, Морел за секој ден на работа добивал по околу 150.000 долари, пишува CNN.

Морел добил 8,3 милиони долари плата и бонуси за три месеци на работа и пет месеци на платен список, според документите на компанијата.

Во таа сума беа вклучени бенефиции, како што е преселба на семејството од Лондон во САД, но и негово враќање во Лондон поради завршување на работниот однос. Тоа ја чинеше компанијата нешто повеќе од милион долари. Попатно, Дизни ја купил неговата куќа вредна 4,5 милиони долари, која Морел ја купил по пристигнувањето во САД.