Менаџирање и развој на човечки ресурси во медуимите – книга на новинарката Трендафилова

63

DSC_6636123

Менаџирање и развој на човечки ресурси во медиумите е насловот на книгата на новинарката Билјана Василева Трендафиловска. Промоцијата се одржа вчера во ЕУ инфо центарот, а книгата е издадена од издавачкиот центар Три.

“Отскокнувајќи со својата постојаност, прецизност и аналитичност, Трендафилова изгради завидна новинарска кариера токму во време на предизвици кои го ставија новинарството пред изразено одговорна улога на силен чинител на економските и политичките аспекти во општеството“, рече рецензентот проф. д-р. Јован Пејковски.

“Билјана Трендафилова има создадено илјадници дебатни економски и политички емисии, вести и теми кои ја чинат нашата слика и разбирање на општата реалност. Умее на едноставен начин да ја пренесе на пошироката јавност и најкомплицираната анализа, при тоа градејќи чувство на непосредност со соговорникот и со публиката истовремено. Нејзината суптилност, но и продорност во темите кои ги обработува ја градат нејзината специфика како новинар, но и како човек“, истакна во своето обраќање проф. Татјана Каракамишева во улога на промотор на делото на Трендафилова.

“Оваа книга е логичен исчекор напред, компилација од мојот академски и професионален стремеж да создавам, анализирам и истражувам. Сметам дека оддржливиот развој на медиумите треба да е заснован на соодветниот менаџмент на човечки ресурси и преку оваа книга го праќам токму тој апел“, објасни Трендафилова во своето обраќање во кое даде и ветување дека ова е прво дело во низата на книга кои следат.