Mercedes-Benz: Не можеме да ги доставиме сите возила со комплетна опрема, имаме две понуди за клиенти

85

Германскиот производител на луксузни автомобили Mercedes-Benz потврди дека не може да ги достави сите возила со комплетна техничка опрема поради кризата со чипови.

Во такви случаи, клиентите можат да ги добијат нарачаните автомобили со намалена опрема по пониска цена, изјави во вторникот портпаролката на продажбата на Mercedes-Benz.

Доколку купувачот не се согласи со изменетата понуда, може да се повлече од купопродажниот договор, се додава во соопштението.

Мерцедес-Бенц со тоа го отфрли написот во локалниот дневен весник Stuttgarter Nachrichten, според кој нарачката не може да се откаже.