Mercedes-Benz се повлекува од рускиот пазар

88

Германската компанија Мерцедес-Бенц денеска објави дека ќе се повлече од рускиот пазар и ќе продаде акции во своите подружници за индустриски и финансиски услуги на локален инвеститор.

Според Ројтерс, Мерцедес на тој начин им се придружува на голем број производители на автомобили кои ја напуштаат Русија.

Портпаролот на Мерцедес рече дека најавената трансакција не го вклучува сопственичкиот удел на компанијата во рускиот производител на камиони Камаз и тој удел треба да биде префрлен на Дајмлер Трaк оваа година, како што беше претходно планирано.