
Членот на одборот на директори и директор на производство на Mercedes-Benz, Михаел Шибе, изјави дека е можно да се затворат фабриките на овој производител на автомобили во Германија поради високите трошоци за работна сила, додавајќи дека компанијата ќе се обиде да го избегне тоa екстремно сценарио, пренесе Танјуг.рс
Mercedes сака да ги намали трошоците за производство и да ја зголеми продуктивноста во Германија, а менаџментот бара од вработените поголема флексибилност, вклучително и можност за подолго работно време без зголемување на платите, како алтернатива на намалувањето на бројот на вработени, рече Шибе во интервју за Handelsblatt.
Во таа прилика, тој го бранеше удвојувањето на капацитетот во фабриката на Mercedes во Кечкемет, Унгарија, и изјави дека оваа инвестиција треба да помогне во зачувувањето на работните места во Германија со намалување на вкупната основа на трошоците.











