Автомобилскиот гигант Mercedes – Benz го претстави дизајнот на автомобилот на иднината, којшто го менува обликот во зависност од брзината, пишува Gizmag.com.
Германски Mercedes – Benz го претстави овој автомобил под името Intelligent Aerodynamic Automobile (IAA) на овогодишното издание на Frankfurt Motor Show.
Надворешниот изглед асоцира на некоја следна верзија на CLS coupe, но она по што е карактеристичен е тоа што при брзини поголеми од 80 километри на час го менува надворешниот изглед за да биде поаеродинамичен.
При забрзување од над 80 километри на час, овој автомобил ги подобрува своите перформанси и го намалува коефициентот на отпор. IAA го менува обликот на браникот, тркалата и задниот дел на возилото, со цел да се намали отпорот и да се минимизира потрошувачката на гориво.