Mercedes го шири производството во Кина поради зголемената побарувачка

19

Главната заедничка инвестиција на германски Daimler и кинески BAIC Motors, што ги произведува автомобилите Mercedes – Benz, планира да го зголеми производството во погоните во Пекинг, проширувајќи го капацитетот на двата погона за 45%, пренесуваат светските медиуми.

Планираното проширување на Beijing Benz Automotive Co. Во којашто Daimler има 49% удел, е претставено во документ објавен во мај, во којшто компанијата ја консултира јавноста за проширувањето.

Кина е главен пазар за автомобилскиот бренд, којшто таму продава повеќе автомобили, одошто во Германија и САД заедно.

Заедничката компанија во 2020 година успеа да продаде рекордни 611.000 автомобили во Кина, што е за 8% повеќе во однос на 567.000 во 2019 година.

Фото: Pexels