
Компанијата „Мерцедес“ ја гради најголемата фабрика за автомобили во Унгарија, изјави министерот за надворешни работи и трговија на земјата, Петер Сијарто.
По разговорот со претставници на германскиот автомобилски гигант, Сијарто објави дека инвестицијата во Кечкемет во централниот дел на Унгарија напредува според планот и дека „целосно нови модели на „Мерцедес“ со најсовремена технологија“ ќе излезат од производствените линии веќе во првиот квартал од следната година, јавува унгарската новинска агенција МТИ.
Како што изјави, капацитетот на фабриката ќе биде 300.000 возила годишно, што ќе го доведе вкупното производство на автомобили во Унгарија до еден милион возила годишно.











