Мерцедес под притисок поради царините и слабата побарувачка во Кина

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ оствари нето добивка од 957 милиони евра во вториот квартал од оваа година, што е за две третини помалку во однос на истиот период минатата година.

Како што објавува француската новинска агенција АФП, компанијата објасни дека повисоките американски увозни давачки и слабата побарувачка во Кина го отежнале работењето.

Приходите од продажба достигнаа 24,2 милијарди евра, што е за 48 проценти помалку во однос на истиот период минатата година.

Како што нагласи извршниот директор на автомобилскиот гигант Ола Калениус, резултатите се сè уште „робусни“ со оглед на „динамичната деловна средина“. „Се прилагодуваме на новите геополитички реалности со внимателно користење на нашите глобални производствени капацитети“, рече тој.

Напролет, американскиот претседател Доналд Трамп воведе дополнителни царини од 25 проценти за увоз на автомобили во САД. Тоа беше голем удар за „Мерцедес“, бидејќи продажбата на американскиот пазар оттогаш опадна за 12 проценти во споредба со претходната година.

Забележа уште поголем пад во Кина, каде што се соочува со жестока конкуренција од домашните производители на автомобили. Дополнителен проблем е брзиот раст на побарувачката за електрични автомобили, во кои кинеските брендови се уште поуспешни.