
Мерцедес дискретно го смени своето лого и тоа без многу помпа. Немаше посебен настан, соопштение или спектакл. Промената беше воведена тивко и речиси незабележливо.
Од февруари 2025 година, познатата ѕвезда повеќе не се прикажува во хром тродимензионално издание, туку во сите официјални комуникации на производителот е прикажана рамно и бело, пишува Auto Bild.
Новиот минималистички дизајн веќе може да се види во годишниот извештај, на социјалните мрежи, во мејловите и официјалните документи.
Сепак, ретро ентузијастите можат да здивнат: познатата сребрена 3D ѕвезда сè уште ќе доминира на хаубата, воланот и бандажите.
Mercedes сака посовремен дизајн
Според извори на Мерцедес, одлуката за промена намерно била задржана во компанијата. Целта на новиот изглед е брендот да изгледа помодерно, почисто и поефикасно.
И, се разбира, подобро да се прилагодат на дигиталните канали, бидејќи рамната верзија едноставно подобро функционира на екраните.
„Со освежувањето на нашиот корпоративен дизајн, Mercedes-Benz го намалува присуството на црната боја како доминантна боја во визуелниот идентитет на брендот. Во комбинација со употребата на 2D верзија на нашето лого, ѕвездата на Mercedes, за печатени и дигитални медиуми, изгледот ќе биде посовремен и визуелно конзистентен.
Тридимензионалната ѕвезда ќе продолжи да ги краси нашите возила и архитектонски елементи, а како заштитен знак ја отелотворува безвременската елеганција, иновативност и супериорна изработка“, изјави портпаролот на Mercedes.

Фото: Mercedes
Ѕвезда со три крака со богата историја
Тридимензионалната ѕвезда датира од 1909 година и ја симболизира визијата на Дајмлер – мотори за земја, вода и воздух.
Оттогаш, дизајнот помина низ бројни промени – од златна верзија, преку ловоров венец, до денешниот префинет изглед.
Сепак, ѕвездата никогаш не исчезна.











