Merck ќе гради фабрика од 25 милиони евра во Франција

63

Германската фармацевтска компанија Merck најави дека ќе вложи 25 милиони евра во фабрика во Франција во којашто планира да произведува еднократни пластични биореактори, коишто се клучни во производство на вакцини против коронавирусот.

Фабриката ќе биде прва во Европа, а ќе вработува 350 лица и се очекува да почне со работа на крајот на годината.

“Нашата нова европска производна линија ќе ги зголеми глобалните капацитет за итно доставување на производи за еднократна употреба што ги користат производителите на вакцини и лекови“, наведува Merck во соопштението.

Германската компанија има погон во Кина каде што произведува еднократни пластични вреќички за биореактори. Пазарот на биореактори за еднократна употреба има голема стапка на раст, бидејќи производството на биотехнолошки производи го прави пофлексибилно, поевтино и побрзо.

Фото: Pexels