Meredith го купува списанието Time за 2,8 милијарди долари

5

dolari

Фото: Pexels

Издавачката компанија Meredith од Ајова соопшти дека го купува њујоршки Time за 2,8 милијарди долари, пишува CNN.

Meredith во своето портфолио ги има списанијата Better Homes & Gardens, Family Circle, Allrecipes & Shape, а со оваа аквизиција компанијата ќе има контрола врз People, Sports Illustrated, Fortune and Entertainment Weekly.

Двете медиумски компании вредат приближно исто на берзата. Компанијата од Ајова ќе плати 18,50 долари по акција за речиси 100 милиони акции на Time.