Меркел ги повика Германците за Божик да се дружат преку видео повици

32

Канцеларката Ангела Меркел ги повика Германците да избегнуваат одење на гости во текот на божикните празници поради пандемијата, па наместо тоа да си честитаат преку видео повици, како што тоа го прават војниците распоредени на мисии во странство.

Германија во овој период се бори со зголемен број на заразени и починати од Ковид-19, па пофалбите за успешно справување со првиот бран од пандемијата се претвориле во критики поради неуспех во вториот.

Меркел упати апел по повод претстојните празници во којшто ги моли Германците да избегнуваат непотребни патувања и да ги ограничат социјалните контакти додека здравствените работници се обидуваат да го запрат масовното ширење на заразата.

Се очекува Германија на 27-ми декември да почне со вакцинација против коронавирусот, со вакцина од германски BioNTech и американски Pfizer.

Фото: Freepik