Меркел загрижена поради сè поголема глобална поделба во дигиталниот свет

51

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изразила загриженост поради растечката поделба во дигиталниот светот поради недостиг на заеднички стандарди на глобално ниво.

“Уште сега сум загрижена дали нашиот иден глобален поредок ќе биде целосно одвоен, посебно во технолошка смисла“, рекла Меркел.

Таа изразила загриженост дека светот е сè повеќе поделен на интернет. Според нејзе, тоа е единствениот заеднички простор во којшто нема заеднички стандарди и безбедносни очекувања.

Германија се залага за воспоставување барем на минимални стандарди.

Фото: Pexels