Мерките даваат резултат, инфлацијата за еден месец преполовена, трошоците за живот за една година намалени за 5,5 пати, вели Бектеши

14

“Мерките на Владата даваат резултат. Стапката на инфлација во октомври изнесува  3,5% и е преполовена споредено со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6%“, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, откако Државниот завод за статистика ги објави индексите за трошоци за живот и цени на мало за месец октомври 2023 година.

“Трошоците за живот во делот на храна и безалкохолни пијалоци во октомври бележат раст од 1%, што е драстично намалување сппредено со 7,8% пресметани во претходниот месец. Споредено со октомври 2022 година кога инфлацијата изнесуваше 19,8% за една година бележиме намалување на инфлацијата од 5,5 пати“, напиша министерот Бектеши и додаде дека Владата носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард.