Едно лице за еден месец во фитнес клуб во Катар треба да одвои 99,60 евра, а во Венецуела само 7,8 евра, покажуваат податоците на Numbeo.
Освен во Катар, месечна членарина во фитнес клуб е скапа и во: Сингапур (91 евра), Саудиска Арабија (77 евра), Швајцарија (73 евра) и Јапонија (72 евра).
Од земјите во регионот, најскапа месечна членарина за фитнес има во Словенија и чини 38 евра. Потоа следуваат: Хрватска (32 евра), Грција (31 евро), Црна Гора (28 евра), Албанија (27 евра), Босна и Херцеговина (22 евра), Србија (21 евро) и Бугарија (20 евра). Просечната месечна членарина во Македонија е меѓу поевтините и чини 17 евра.
Освен Венецуела, месечната членарина за фитнес е најевтина и во: Сирија (12,75 евра), Пакистан (13,24 евра), Шри Ланка (14 евра) и Алжир (16 евра).
Фото: Pixabay