Мештани собраа 500.000 евра за да купат паб стар два века

Околу 1.000 луѓе ветија дека ќе им помогнат на жителите на селото Ландврог во велшката област Гвинед, на кои им требаат 460.000 фунти (512.000 евра) за да купат паб стар 200 години, којшто бил затворен во 2017 година.

Поддршка пристигнала од целиот свет, дури и од Нов Зеланд, за да се покријат трошоците за купување на пабот Ty’n Llan.

Селаните формирале група која сака да го спаси пабот, а член на групата Вин Робертс вели дека за нив многу значи што нивните планови за отворање на објектот, во којшто се собираат многу жители, можат да одат напред.

Иако селото има околу 400 жители, поддршката стигна од Велшаните и нивните пријатели од Канада, Шведска, Нов Зеланд, Германија, Франција и Кипар.

“Беше добро место каде што се сретнувавме. Луѓето сфатија колку е важно“, рече Робертс.

Досега, тие веќе собраа 400.000 фунти за само шест недели, а планот е да ги искористи преостанатите пари за реновирање, пишува BBC.

Фото: Facebook