Меси ќе добива плата и во криптовалути

141

Фудбалскиот клуб Пари Сен-Жермен по секоја сметка се осигурале да го добијат потписот на Лионел Меси оваа сезона, и ќе помогнат да се плати високата плата на Аргентинецот со помош на криптовалути.

И покрај тоа што ќе зема помала плата од таа во Барселона, Меси ќе остане најплатениот фудбалер на светот, откако клубот склучил договор со неговите претставници, дел од неговата плата да се добива преку ПСЖ фан-токени.

Во четвртокот, клубот од Париз потврди дека Меси добил голем број на токени при комплетирање на договорот.

Фото: Facebook