MesoGlue – лепило што врзува метални предмети на собна температура

244

meso glue 1

MesoGlue е лепило што овозможува врзување на метални предмети на собна температура. Овој вид на лепило спојува предмети исто како и заварувањето и лемењето, без да користи топлина.

Патентираниот систем овозможува металните површини лесно да се поврзат, по што се создава силна врска меѓу нив благодарение на двата вида на нано материјали со метално јадро. Од нив на едниот има премаз од галиум, а другиот од индиум. Овие две мешавини се нанесуваат одвоено, а потоа со притисок се спојуваат двата метала. Штом дојде до контакт на премазите од галиум и индиум, тие создаваат течна маса што го потполнува слободниот простор, а наностапчињата ја поврзуваат металната површина.

meso glue

Зад дизајнот на ова лепило стојат научници од Универзитетот Нортистерн во Бостон. Моментално MesoGlue се користи само во лабораториски услови, но се очекува да се прилагоди за индустриска и домашна примена.