Корисниците на најпопуларната социјална мрежа во Канада, САД, Перу и Венецуела имаат можност да се регистрираат на Facebook Messenger без да имаат свој профил, пишува на официјалната страница Facebook newsroom.
“Со оваа надградба, многу повеќе луѓе ќе може да уживаат во сите карактеристики што се достапни на Messenger, како што се фотографии, видеа, групни разговори, аудио и видео повици и слично“, објаснуваат од Facebook newsroom.
Facebook Messenger нуди опција Not on Facebook, којашто може да ја изберат оние лица кои немаат свој профил на оваа социјална мрежа. Со своето име, телефонски број и лична фотографија може да се регистрираат за да бидат во постојан контакт со своите пријатели ширум светот.