Мет Дејмон: Инвестирајте во вода

96

Оскаровецот Мет Дејмон, освен што се занимава со актерство, во последните неколку години важи и за активист кој собира капитал за инвестирање во вода.

Тој ги повика големите инвеститори да помогнат да запре кризата со водата пред климатските промени да остават уште посериозни последици.

“Сè што се обидуваме да направиме е да им го привлечеме вниманието на инвеститорите да влезат во овој простор“, вели Дејмон во интервју за Yahoo Finance, кој во 2009-та година бил основач на непрофитната организација Water.org.

Оваа непрофитна организација исплати 7,2 милиони заеми во вкупен износ од 2,6 милијарди долари, што го подобри пристапот до вода за 33 милиони луѓе.

Фото: Facebook