Мет Дејмон ќе рекламира криптовалути

48

Холивудскиот актер Мет Дејмон е новиот амбасадор на криптовалутите. Имено, актерот ќе биде заштитно лице на платформата Crypto.com која настојува да привлече нови корисници.

Платформата ќе потроши повеќе од 100 милиони долари за кампањата.

Ривалите како FTX и Coinbase веќе силно „пумпаат“ пари во маркетинг оваа година, потпишувајќи договори со спортски лиги и тимови. Исто така, познатите личности генерално сè повеќе се вклучени во вакви соработки или тие самите инвестираат во крипто светот, пишува Bloomerg.

Инаку ова е прва глобална маркетингшка поддршка за Crypto.com, кој ја зголеми својата корисничка база десеткратно од минатата година, среде огромниот интерес за криптовалутите како што е биткоинот.

На кампањата ќе бидат потрошени повеќе од 100 милиони долари, затоа што рекламите ќе бидат со Дејмон во главна улога, а ќе ги режира Воли Фистер. Идејата е да бидат емитувани во преку 20 земји.

„Никогаш не сум дал таква поддршка“, изјави Дејмон во едно интервју и додаде: „Се надеваме дека ова е почеток на една голема долгорочна соработка“.