„Мета“ инвестира 3,5 милијарди долари во најголемиот светски производител на очила

Американската технолошка компанија „Мета“ купи малцински удел во најголемиот светски производител на очила, „EssilorLuxottica“, за 3,5 милијарди долари.

На овој начин, „Мета“ стекна помалку од три проценти удел во компанијата, која, меѓу другото, е позната по производството на познатите очила „Реј-Бан“, објавува „Блумберг“, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Според агенцијата, американскиот технолошки гигант од Менло Парк размислува за понатамошно зголемување на учеството до пет проценти, иако сè уште не донел конечна одлука.

Фото: Pixabay