Мета ќе плати 725 милиони долари како разврска на скандалот со Кембриџ Аналитика

70

Сопственикот на Фејсбук, Мета се согласи да плати 725 милиони американски долари за разрешување на правниот случај со прекршувањето на правилата за заштита на личните податоци поврзано со политичкото консултантско друштво Кембриџ Аналитика од Велика Британија.

Како што пишува Би-би-си, во долготрајниот спор гигантот за социјални мрежи Мета е обвинета дека дозволила трети страни, меѓу кои и Кембриџ Аналитика, да пристапат до личните податоци на корисниците.

Предложените 725 милиони долари се највисока сума договорена досега, која е поврзана со заштитата на личните податоци во САД.

Мета, која не призна дека сторила неправилности, рече дека го обновила пристапот до приватноста во последните три години. Компанијата преку соопштение рече дека договорот е во најдобар интерес на заедницата и акционерите.