„Meтa“ отстрани лажно ВИДЕО од Зеленски каде повикува на капитулација

98

Шефот на Службата за безбедносни протоколи во „Мета“, компанија чија сопственост се „Инстаграм“ и „Фејсбук“, рече дека забележале и отстраниле лажна видео објава во која украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повикува своите војници да капитулираат.

Лажното видео најверојатно е направено со помош на „deep fake“ технологијата, што, доколку се потврди, ќе биде прв инцидент од ваков вид за време на војната во Украина.

„Нашиот тим го идентификуваше и отстрани „deep fake“ видеото на кое се гледа како претседателот Зеленски објавува изјава што никогаш не ја дал затоа што ја нарушува нашата политика против измамничките и манипулативните медиуми, а ние ги предупредивме и останатите на нашите други платформи“.

Лажното видео во кое Зеленски им кажува на луѓето да го положат оружјето е лошо направено и лесно се препознава.

Расте загриженоста за можната употреба на ваква технологија со цел манипулирање и влијание врз јавното мислење.

Иако ова лажно видео не би требало да има значајно влијание, тоа може да биде показател за тоа што би можело почесто да се случува во наредниот период.