Мета подготвува нова рунда отпуштања

25

Американската компанија „Мета платформи“, сопственик на Фејсбук, го одложи финализирањето на буџетите за неколку тимови како подготовка за нова рунда отпуштања, објави  „Фајненшл тајмс“.
Двајца вработени во „Мета“ за весникот велат дека во последните недели не е јасно колкав ќе биде буџетот и идниот број на вработени.

Мета претходно овој месец објави дека очекува да потроши помеѓу 89 и 95 милијарди долари оваа година, а извршниот директор Марк Цукерберг ја нарече годината „година на ефикасност“.

Апликацијата wHATSaPP во сопственост на Мета отпушти повеќе од 11.000 работници во ноември, што е 13 отсто од вкупната работна сила.