„Мета“ претстави модел на вештачка интелигенција кој преведува зборови на речиси 100 јазици

55

Компанијата „Мета“ денеска претстави модел на вештачка интелигенција (ВИ) кој може да преведува и транскрибира говор на десетици јазици.

Според компанијата, моделот SeamlessM4T препознава, преведува, транскрибира и конвертира текст во говор на речиси 100 јазици. Во исто време, овој модел го преведува говорот во друг говор на 35 јазици, пренесува Танјуг.

„Светот во кој живееме никогаш не бил повеќе меѓусебно поврзан, а луѓето имаат пристап до повеќејазични содржини повеќе од кога било досега“. Затоа способноста за комуникација и разбирање на информациите е сè поважна“, стои во соопштението објавено на веб-страницата на компанијата.

Се додава дека „Мета“ јавно го објави SeamlessM4T за да им овозможи на истражувачите и програмерите да го градат овој модел.