Мета се согласи на спогодба од 16,7 милијарди долари

Американската компанија „Мета“, сопственик на „Фејсбук“ и „Инстаграм“,  се согласи да плати максимум 16,68 милијарди долари и да воведе значајни промени на своите платформи за да го заврши спорот со 29 американски држави, кои ја обвинија дека ја дизајнирала социјалната мрежа да биде зависност за децата.

Спогодбата бара „Мета“ да воведе дневни ограничувања за користењето на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ од страна на децата и да ја ограничи нивната употреба навечер, објави „Ројтерс“.

Компанијата, исто така, ќе ја заостри проверката на возраста за да ги спречи децата да пристапуваат до содржини наменети за постари корисници.